Дончиќ во Словенија го донесе омилениот соработник од НБА!

63

Лука Дончиќ нема да биде единствениот член на репрезентацијата на претстојниот Евробаскет кој доаѓа од Лос Анџелес Лејкерс. Во стручниот штаб на Словенија се приклучи Грег Сент Џин, помошен тренер на Лејкерс. Тој ќе биде асистент на селекторот Александар Секулиќ. Дончиќ и Сент Џин соработуваа и во Далас Маверикс, пред двајцата да завршат во Лејкерс.

Сент Џин е еден од најдобрите млади тренери во Америка и е многу разновиден. Работи на скаутирање, развој на играчи, видео анализа и статистика. Пред шест години, Националната асоцијација на кошаркарски тренери (NABC) го вклучи на листата „30 под 30“ – најперспективни млади тренери во американската колеџ кошарка.

Словенија на Европското првенство ќе настапи без Џош Нибо, но враќањето на Лука Дончиќ и неговиот импресивен изглед ги сместуваат меѓу кандидатите за медали. Селекторот Секулиќ откри дека играта на Словенија целосно ќе биде прилагодена на капитенот Дончиќ.

Евробаскетот ќе се одржи од 27 август до 14 септември во четири земји: Финска, Грузија, Летонија и Кипар. На турнирот ќе учествуваат 24 репрезентации, поделени во четири групи со по шест селекции. Првите четири од секоја група ќе се пласираат во нокаут фазата. Словенија е во група со Исланд, Франција, Полска, Белгија и Израел.

ПретходноКадетките убедливо поразени од Литванија, Македонија пред испаѓање од елитата
СледноБошковски: Спремни сме за дербито со Вардар! Наша цел е да ги однесеме бодовите во Битола!