Заработува 17 милиони евра годишно, но бега од Сити поради Гвардиола!

114

Најскапото засилување во историјата на Манчестер Сити, играчот за врска Џек Грилиш (29), кого тренерот Пеп Гвардиола го стави на клупа, би можел да ја оживее својата кариера во Евертон, објавија британските медиуми. Тренерот на Евертон, Дејвид Мојс, многу го цени Грилиш и би сакал да го има во својот тим.

Поради тоа, претставници на Евертон веќе стапиле во контакт со „граѓаните“. Евертон, кој оваа година се пресели на нов стадион вреден 900 милиони евра, би сакал да го откупи договорот на Грилиш доколку цената биде прифатлива. Сепак, во игра е и едногодишна позајмица.

Грилиш ангажирал личен тренер и сака да се врати во англиската репрезентација, но тоа не е возможно додека Гвардиола е на кормилото на Сити. Затоа се надева на промена на средината.

Еден од најдобрите англиски дриблери пристигна во Манчестер Сити пред четири години од Астон Вила, во трансфер вреден 117 милиони евра. Договорот со Сити му истекува во јуни 2027 година, а годишно заработува дури 18 милиони евра. Во Сити, само норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд има поголема плата од него – Халанд заработува околу 30, а Грилиш околу 17 милиони евра годишно.

Грилиш од стандарден првотимец на Сити стана играч од клупа, па минатата сезона во Премиер лигата беше само еднаш во почетниот состав. За англиската репрезентација има одиграно 39 натпревари, постигнал четири гола и запишал осум асистенции.

ПретходноНовески и Бошков остануваат во Работнички и следната сезона
СледноЃорческа се избори за четвртфинале на турнирот во Србија