Кадетките убедливо поразени од Литванија, Македонија пред испаѓање од елитата

23

Македонската женска кадетска репрезентација е поразена од Литванија со убедливи 33-24 на Европското првенство кое се одржува во Црна Гора. Оваа значи дека ракометарките се пред испаѓање од друштвото на најдобрите.

Нашите кадетки ќе играат за пласман од 21 до 24 место, но само репрезентацијата која ќе го освои 21-то место и ќе биде дел од следното младински првенство. Сето останато сценарио ќе значи дека Македонија ќе се сели во Б Дивизија.

Литванија после 9-9 успеа да го урне отпорот на „црвено-жолтите“, на одморот имаше позитива од 12-9, а во второто полувреме доминираше.

ПретходноНавивачот кој вееше знаме на „Голема Албанија“ е протеран од Македонија
СледноДончиќ во Словенија го донесе омилениот соработник од НБА!