Македонските кадети против Кипар ја стартуваат битката за А Дивизија (ЛИНК)

35
Фото: КФСМ

Македонската машка кадетска репрезентација денеска (18:30 часот) во СЦ „Јане Сандански“ го игра првиот меч на Европското првенство Б Дивизија кое се одржува во Скопје. Противник на Нермин Пепиќ е селекцијата на Кипар.

Македонија на овој шампионат ќе ги одмери силите со Словачка, БиХ, Полска, Ирска и Кипар во рамките на групата Б.

Селекциите се поделени во четири групи (две со пет, и две со шест) од кои првопласираните две од секоја група ќе обезбедат пласман во ТОП 8 фазата, односно онаа преку која ќе се бараат идните учесници на ЕП од Дивизијата „А“ во оваа возрасна категорија.

Првиот меч можете да го следите на линкот во продолжение.

 

ПретходноНаумчески го обнови договорот со Брера
СледноНовески и Бошков остануваат во Работнички и следната сезона