Дефанзивецот Стефан Наумчески кој две сезони беше дел од Брера Струмица, денеска повторно склучи договор со струмичкиот прцволигаш. Откако го одработи двегодишниот договор тој летово беше слободен игра, но одлучи кариерата повторно да ја продолжи во Струмица.
Наумчески минатата сезона во дресот на Брера ја заврши со 17 натпревари и еден погодок во шампионатот и четири настапи во Купот на Македонија.
25-годишниот Наумчески во својата кариера има играно за Победа, Вардар и Тиквеш и во Првата македонска фудбалска лига има 101 настап.