Одбојкарскиот клуб Работнички Скопје во машка конкуренција потврди дека двајца одбојкари кои беа дел од носителите на играта и минатата сезона ги продолжиле договорите со клубот.
Станува збор за 23-годишниот примач, Ангел Бошков и 25-годишниот среден блокер Миодраг Новески кои и следната сезона треба да го сочинуваат костурот на скопскиот прволигаш.
Како што објавија од клубот и двајцата се обврзале на нови едногодишни договори со екипата.