Одбојкарите вечерва против Бугарија го затвораат 49. издание на Меморијалот „Чајка“

30

По поразот од Швајцарија во првиот меч на турнирот, македонската одбојкарска репрезентација вечерва (19 ч.) во СЦ „Борис Трајковски ќе го одигра последниот меч на 49. издание на Меморијалниот турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“. Ривал на момците на Јошко Миленкоски ќе биде селекцијата на Бугарија, со која вечерва ќе се бориме и за првото место на турнирот.

Имено, Македонија загуби на првата средба од Швајцарија со 3:1, но со истиот резултат вчера Бугарија славеше против Швајцарија. Тоа значи дека победа во три сета за нашата репрезентација вечерва може да не однесе и на првото место.

Бугарија е исклучително силна селекција во чии редови има и неколку одбојкари кои беа дел од поширокиот список на репрезентацијата која играше и во Светската лига на нации оваа година. Нашите одбојкари ќе мора да се потрудат да ја кренат формата и да се обидат да дојдат до победа, како што тоа го направија и на еден од двата контролни меча кои ги одигравме против вечерашниот ривал пред само неколку дена во Софија.

ПретходноТер Штеген не потпишува: Германецот не го дава своето место за Барса да го потпише Жоан Гарсија
СледноДраматичен финиш: ШК Алкалоид повторно шампион, ШК Мулти Есенс непоразен до второто место!