Поранешниот спортски директор на фудбалската репрезентација на Македонија денеска понднесе предолог за признавање на вината за кривичното дело кое му се товари, а тоа е продажба на наркотични сусптанци во населбата Аеродром.
Според обвинителството, групата била добро организирана, со јасно дефинирани улоги – од набавка до продажба на кокаин и марихуана. Дрогата се чувала во изнајмени станови, а се продавала по цени од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и 200 до 300 денари за грам марихуана.
Масев во притвор е од март оваа година, тој веднаш беше разрешен од функцијата спортски директор. Казната која ќе ја добие тој ќе биде позната на следното рочиште, бидејќи по признавањето на вината од страна на Масев и останатите лица вмешани во ова кривично дело, ќе се води посебен случај.