Флик остана без одличен стопер кој се сели во Ал-Наср кај Роналдо!(ФОТО)

109
ФОТО: FC Barselona/FB

По малку неочекувано, но тоа е. Барселона и стратегот Ханси Флик мораа да изнајдат болно решение и го пронајдоа во продавањето на стоперот Иниго Мартинез, кој минатата сезона заедно со Кубарси беше одличен.

Мартинез се сели во Саудиска Арабија и тоа кај Роналдо во Ал-Наср. Како што пренесуваат медиумите во Шпанија истакнуваат дека каталонскиот гигант нема да бара замена за Мартинез.

Според спортскиот директор Деко, Флик има доволно дефанзивци на располагање па така ќе мора Германецот да се снаоѓа без Мартинез.

Инаку тој оди во Ал-Наср како слободен агент. Договорот ќе биде на една година со можност истиот да се продолжи.

ПретходноХари Кејн даде еден гол, но и промаши пенал против “својот“ Тотенхем!
СледноСудии за ПМФЛ: “Дербито на Македонија“ за Грујоски, одредени се и ВАР судиите на сите мечеви!