Ѓорческа се избори за четвртфинале на турнирот во Србија

22

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во четвртфиналето на ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања, Србија. Таа во мечот од второто коло денеска ја совлада Виторија Паганети од Италија со 2-0 во сетови (6-3, 6-4) за 100 минути игра. Во четвртфиналето ривалка ќе и биде Ксенија Зајцева.

По водството од 1:0 за Ѓорческа во првиот сет Италијанката Паганети направи серија од 3-0 за водство од 3:1 во гемови, но Ѓорческа возврати со пет освоени гемови во низа и го доби првиот сет со 6:3 што значеше и водство од 1-0 во сетови. Во вториот сет македонската тенисерк постојано беше во предност, водеше со 2:0 и со 5:2 во гемови, а ја искористи првата меч топка во десеттиот гем за 6:4 во вториот сет и конечни 2-0.

Против утрешната противничка Зајцева која настапуваше и во квалификациите Ѓорческа има една победа во единствениот досега одигран меч.

ПретходноЗаработува 17 милиони евра годишно, но бега од Сити поради Гвардиола!
СледноМатиќ пред вечното дерби: Пелистер е незгоден противник, но ние сме Вардар!