30 години никој не успеа да го собори рекордот на Едвардс (ВИДЕО)

67
фото: World Athletics

Пред триесет години, точно на денешен ден, Британецот Џонатан Едвардс скокна 18,29 метри во трискок, и испиша историја која до денеска никој не успеа да ја надмине. Тој го постави еден од најдолговечните светски рекорди, кој се уште им пркоси и на новата технологија, новите патики и дополнителна модерна подготовка на атлетичарите кои се обидуваат да го симнат од вечната листа на атлетски рекордери.

„Неверојатно е, сè уште морам да се штипкам“, вели Едвардс. „Сè уште кога шетам со сопругата ќе си кажам: Скокнав подалеку од кој било друг на светот. Тоа е едноставно неверојатно чувство и никогаш не ми здосадува. Но, сега сум во фаза каде што, ако се вратите 10 години назад, би бил навистина нервозен.“

Американецот Тејлор беше на помалку од осум сантиметри до големиот рекорд на Едвардс пред една деценија, додека Шпанецот Џордан Дијаз Фортун го постигна третиот најдобар скок досега, 18,18 метри, во Рим минатото лето. Останува да се види дали на првенството во Токио некој ќе го нападне 30-годишниот рекорд на Едвардс.

ПретходноНовите шампиони на УС Опен ќе добијат по 5 милиони долари!
СледноШтом Шешко потпише за Манчестер Ј., Милан тргнува по Хојлунд