Екс-фудбалерот на Арсенал кој беше обвинет за силување потпиша за Виљареал

50
Фото: Томас Парти/Инстаграм

Томас Парти, играч за врска на фудбалската репрезентација на Гана и поранешен фудбалер на Арсенал, потпиша договор како слободен играч со Виљареал. Со тоа, Парти се враќа во лигата во која се прослави, бидејќи претходно одигра 188 натпревари за Атлетико Мадрид, пред во 2020 година да се пресели во Арсенал за сума од 50 милиони евра.

Сега ја напушта Англија само два дена откако се појави пред суд, бидејќи минатиот месец беше обвинет за пет случаи на силување и еден случај на сексуален напад врз вкупно три жени. Парти се товари за силување на две жени и напад врз трета во периодот од април 2021 до јуни 2022 година.

Првпат беше уапсен уште во јули 2022 година, но тогаш неговото име не беше објавено во јавноста и продолжи да настапува за Арсенал, за кој одигра 167 натпревари. По плаќање на одредена кауција, беше пуштен на слобода, а следното негово појавување пред суд е закажано за 2 септември.

ПретходноНикој не сака да оди во најбогатиот клуб во светот: Њукасл и дефинитивно ја загуби битката за Шешко!
СледноУ-16 ЕП Б-дивизија: Македонија со пораз на стартот!