У-16 ЕП Б-дивизија: Македонија со пораз на стартот!

50
ФОТО: FIBA.COM

Македонската кадетска кошаркарска селекција вечерва во салата “Јане Сандански“ беше поразена од соодветната репрезентација на Кипар со 76:82.

Ова беше прв меч за Македонија на ова У-16 ЕП Б-дивизија кое се одржува во Скопје и се разбира прв пораз а во рамките на 1.коло во групата Б.

Нашите млади кошаркари подобро го отворија мечот, па така првиот период од играта го добија со 19:13. Во втората и третата четвртина се водеше рамноправна битка, во која гостите од Кипар сепак успеаја да ја намалат разликата, за да во последната четвртина кога беше најпотребно, избраниците на селекторот Нермин Пепиќ играа добро се до самиот финиш на средбата, имаа и водство, но несфатливо е како таа предност ја испуштија и на крајот беа поразени.

Најефикасен во нашите редови беше Чучанов со 18 поени, додека Сотир запиша 13 поени.

Утре нашите момци, во меч од 2.коло во групата Б ги чека дуел со селекцијата на Р.Ирска со почеток од 18 часот.

ПретходноЕкс-фудбалерот на Арсенал кој беше обвинет за силување потпиша за Виљареал
СледноОдбојкарите поразени, Бугарија го освои трофејот “Чајка”