Македонскиот кошаркарски репрезентативец Џејкоб Вајли во новата сезона ќе го носи дресот на литвански Ритас Вилнус. Веста ја потврдија литванските медиуми, кои уште вчера најавија за преговорите меѓу двете страни.
30-годишниот Американец со македонски пасош кој беше најдобар поентер на првиот меч на Македонија во претквалификациите за СП 2027 против Романија во Куманово, доаѓа во Ритас од шпанската Гранада.
Минатата сезона во дресот на шпанскиот клуб Вајли имаше просек од 8,3 поени и 3,8 скока по натпревар.










