Кошаркарите во Солнок се подготвуваат за утрешниот дуел со Унгарија. Андреј Митревски полека, но сигурно си го наоѓа своето место во овој подмладен ростер на нашата сениорска репрезентација. Младиот бек го остава во заборав оној прв меч од претквалификациите, против Романија.
„Со Романија загубивме во еден тесен меч, каде што , можам да кажам, во поголем дел ја имавме контролата. Но одлучија последните две-три минути. Против Унгарија, треба да се држиме до планот, да играме агресивно во одбраната. И најбитно, да заградуваме под кошевите, бидејќи тоа беше најголемиот минус, зошто го загубивме натпреварот против Ромнија. Секако дека очекувам победа, бидејќи верувам дека можеме повеќе да дадеме. И мислам дека од тренинг во тренинг растеме како екипа бидејќи сме нова, млада екипа, така што очекувам се подобри и подобри резултати понатаму“ – порачува Митревски.
Мечот со Унгарија за нашата селекција ќе биде втор од претквалификациите.