Неверојатно: Петтмина играчи од Игман Коњиц (БиХ), ова лето направиле трансфери во ПМФЛ!

792
ФОТО: FK Sileks/FB

Дали сте слушнале за ФК Игман Коњиц? Секако дека ретко кој го знае тој клуб во Македонија, посебно ако се знае дека станува збор за второлигаш од БиХ.

И зошто е сега тој Игман Коњиц толку важен за нас, за мак фудбалот.

Е, па, и тоа како е важен.

Имено просто за неверување дека токму од тој второлигашки клуб во БиХ трансфери во нашата Прва лига ова лето направиле петтмина фудбалери.

Секако дека не е за верување, но вистина е.

Тоа се Едис Бутуровиќ кој пред некој ден беше промовиран од Силекс, потоа Армин Бешагиќ и Амет Дрљевиќ кој дојдоа во Арсими, Мирсад Рамиќ во Македонија ЃП и Амир Велиќ кој потпиша за Работнички.

Тоа значи дека Игман Коњиц успеал ова лето да им го продаде половина тим на дел од нашите клубови.

Уште еднаш, неверојатно.

ПретходноПелистер го победи Мешков Брест во првата контрола
СледноПосле 133 години постоење ќе згасне вториот најстар холандски тим