ПЕЛИСТЕР (трансфери, играчки кадар, очекувања): Ново раководство, нов тренер и стари амбиции!

530

Пелистер ја имаше таа “среќа“ новата сезона да ја започне кај својот најголем ривал, на гости кај Вардар во “Дербито на Македонија“. Во клубот од Битола, кој иако нема титула во изминатите 33 сезони, сепак важи за еден од најголемите во Македонија, ова лето се случија големи промени. Старата раководна гарнитура, во која беа легендите на клубот па и на мак-фудбалот, си заминаа а на нивно место дојдоа лица кои имаат нескриени амбиции. Како прво го зголемија буџетот кој сега е милионски за првпат во историјата на клубот. Можеби не успеаја осетно да се засилат, иако тука имиња како Спировски, кој и тоа како им се потребни на тимот.

Димитар Капинковски е старо – нов тренер на Пелистер и тој има за задача да ги оствари амбициите кои се стари, а тие се овој тим по подолга пауза да има видна улога во ПМФЛ.

Колку ќе може овој Пелистер тоа да го оствари, останува да се види. Во секој случај тешко на секој тим ќе му биде да дојде до бодови во Битола, тука нема дилеми.

Нема потреба од некоја си анализа за преодниот рок. Доведени се нови имиња претежно од Србија, непознати за нашата јавност. Како што рековме се врати Стефан Спировски, дојде и Швајц Ристовски, а тука од минатата сезона се и Ивановски, Миленковски, Љамчевски, Ристевски, Гроздановски, Наумоски…

Нема дилеми дека овие имиња гарантираат или ветуваат добар Пелистер во новата сезона. Се разбира предводени од стратегот Димитар Капинковски.

ПретходноХојлунд одбил да оди во РБ Лајпциг, Манчестер Ј. го продава за 40 милиони фунти
СледноЃоргиев: Веќе нема оправдувања, во Атина одиме со мисла да играме на уште едно Европско