Трансфери: Коман во Ал-Наср, Распадори во Атлетико Мадрид?!

164
ФОТО: FC Bayern Munich/FB

И денеска е интересно на трансфер – пазарот. Па така откако успеа да го добие Иниго Мартинез од Барселона, вест на денот е дека Ал-Наср веќе преговара со Баерн Минхен за трансфер на Кингсли Коман. Секако дека искусниот офанзивец и тоа како добро ќе му дојде на Роналдо во тимот.

Од ден на ден Ал-Наср станва се посилен и посилен.

Интересен трансфер е на повидок. Џакомо Распадори од Наполи се сели во Атлетико Мадрид.

Шпанците понудиле 20 милиони евра, додека Наполи бара 30 милиони, па се очекува да се најдат некаде на околу 25 милиони евра.

ПретходноИ официјално: Тадиќ промовиран во Ал Вахда!(ФОТО)
СледноПолувреме: Ф. Рамадани е стрелецот на првиот гол во новата сезона, повреда на Крстевски, шампионот води со 2:1!