Денеска 8 август се навршуваат 24 години од масакрот во Карпалак, кога десеттмина припадници на армијата на Македонија беа убиени. По тој повод фановите на Пелистер, “Чкембарите“ извадија транспарент на кој пишуваше – Македонски маченици што денес се во рајот. Карпалак.
Ова наиде на аплаузи од сите на Арената, секако убав гест на битолчани.

Нешто подоцна и “Комити“ со свој транспарент на кој пишуваше – Прости ми моја најмила, јас сум ѕвездата Деница, Карпалак, 08.08.2001.















