ШКЕНДИЈА (трансфери, играчки кадар, очекувања): Шампионот во одбрана на тронот!

698

Шкендија ова лето дојде до историски успех во Европа. Оствари пласман најмалку во групна фаза во Лигата на Конференции или по ново во лигашката фаза. Допрва ќе видиме дали може повеќе.

Актуелниот шампион во претстојната сезона ќе го брани тронот и ќе оди по својата шеста “ѕвездичка“. Веќе е втор најтрофеен клуб во Македонија, веднаш зад Вардар.

Јасно е дека по неколку години пауза, повторно, барем такви се прогнозите, за титулата ќе решаваат скопските и тетовските “црвено – црни“. Кога ќе играат Шкендија и Вардар тоа ќе бидат мега – дербија за наши услови.

Тетовци досега не направија којзнае какви промени во играчкиот кадар. Зејнулаи како најголемо засилување досега, секако дека ќе донесе креативност во играта. Голманот Гаје е топ-засилување, Красниќи и Мурати се вратија под Шара. Си заминаа Шаља, Коцев, Адили, Мерџани и Јанков, но и без нив Шкендија е силна, екстра силна за наши услови.

Проблем е тоа што тетовци ќе играат во Европа и сакале – нејќеле, мислите ќе им бидат таму.Исто така до крајот на преодниот рок овој клуб мора да се засили. Играњето на три фронта ќе биде премногу за овој играчки кадар кој го има стратегот Јетон Беќири. Под итно мора да се донесат барем три екстра имиња, во секоја линија по едно.

Инаку тешко дека оваа есен оваа Шкендија ќе го издржи ритамот играјќи двапати во неделата.

Во секој случај Шкендија како и во минатите 15 сезони и оваа сезона е еден од најголемите и најголем фаворит, заедно со Вардар, во битката за титулата во 34.сезона во ПМФЛ.

ПретходноВајли во новата сезона во дресот на Ритас Вилнус
СледноЕндрик се налутил по одлуката на Реал да му ја даде „деветката“ на Гонзало