Освојувачот на Купот на Македонија, Вардар, денеска објави дека легендата на клубот и на македонскиот фудбал, Андон Дончевски е избран за почесен претседател на „црвено-црните“.
„На редовната седница на Одборот на директори на АД ФК Вардар одржана на вчера, едногласно беше прифатен предлогот на неизвршниот директор Мартин Гелев, легенда на македонскиот фудбал и на Вардар, АНДОН ДОНЧЕВСКИ да биде прогласен за ПОЧЕСЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ на клубот“, се вели во соопштението.
Чичко Дончо со години го носеше дресот на Вардар, а беше и прв селектор на македонската фудбалска репрезентација.