Дали сте слушнале за ФК Игман Коњиц? Секако дека ретко кој го знае тој клуб во Македонија, посебно ако се знае дека станува збор за второлигаш од БиХ.
И зошто е сега тој Игман Коњиц толку важен за нас, за мак фудбалот.
Е, па, и тоа како е важен.
Имено просто за неверување дека токму од тој второлигашки клуб во БиХ трансфери во нашата Прва лига ова лето направиле петтмина фудбалери.
Секако дека не е за верување, но вистина е.
Тоа се Едис Бутуровиќ кој пред некој ден беше промовиран од Силекс, потоа Армин Бешагиќ и Амет Дрљевиќ кој дојдоа во Арсими, Мирсад Рамиќ во Македонија ЃП и Амир Велиќ кој потпиша за Работнички.
Тоа значи дека Игман Коњиц успеал ова лето да им го продаде половина тим на дел од нашите клубови.
Уште еднаш, неверојатно.















