Заврши првото полувреме од првиот меч во новата сезона во ПМФЛ. Под Шара играат Шкендија и Шкупи, а по првите 45.минута резултатот е 2:1 за домашниот состав. Стрелец на првиот гол на мечот а и во новата сезона е Флорент Рамадани во таа 8.минута.
Шкупи израмни преку Хајвали шест минути подоцна, за да во 17.минута гостите останаа со играч помалку поради два жолти картони за Рустеми.
Зејнулаи во 22.минута по асистенцијата на Крстевски, стрелаше за 2:1 за домашните. Треба да се каже дека домашните играат со видно изменет состав во однос на мечевите во Европа, додека кај гостите во стартниот состав имаше седум младинци.
Лошо за тетовци е тоа што Ване Крстевски во 35.минута се повреди па самиот побара измена.