Порака од ФФМ пред почетокот на новата сезона во Прва МФЛ: Фудбалот на прво место!

180

Во пресрет на почетокот на новата сезона во Прва МФЛ, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) им посака многу успех на сите клубови, тренери, фудбалери и спортски работници кои секојдневно вложуваат во напредок на нашиот фудбал.

„Очекуваме возбудлива, фер и квалитетна сезона која ќе донесе позитивни моменти, на теренот, но и надвор од него. Сите заедно имаме обврска да го подигнеме нивото на натпреварување, да ја зајакнеме фудбалската култура и да бидеме вистински пример за младите генерации. ФФМ останува силен партнер на клубовите и ќе продолжи со посветена работа на обезбедување подобри услови, развој на инфраструктурата и транспарентно водење на натпреварувањето. Се радуваме што заеднички го отвораме новото поглавје за македонскиот клупски фудбал. Фудбалот на прво место!“, се вели во пораката од Куќата на фудбалот.

ПретходноШКУПИ (трансфери, играчки кадар, очекувања): Што навистина се случува на Чаир?!
СледноПретседателот на Торино за Елмас: Тоа е затворено поглавје!