Актуелниот шампион успешно ја стартуваше одбраната на титулата со убедлива победа од 5:1 против младинците на Шкупи, во првиот меч во новата сезона. Гостите од Чаир се бореа колку што можеа, но во последните 15-20 минута паднаа што се вели и тука Шкендија успеа со три гола да дојде до убедлива победа.
Шкендија го почна мечот со изменет стартен состав. Во него имаше само тројца од тие што го започнаа мечот со Карабах. Дури во последната фаза во игра влегоа Ибраими, Красниќи, Ќака.
Шкупи пак играше со младинци, седум во стартниот состав. Имаше само четири замени, а во 17.минута остана и со играч помалку по исклучувањето на Рустеми.
Добро за Шкендија е тоа што се сочуваа силите за реваншот во Карабах, но лошо е тоа што се повреди Ване Крстевски па во финишот на првиот дел мораше да излезе од игра.
И се почна со иницијатива на домашните, очекувано, но голот и водството дојде во 8.минута кога Флорент Рамадани од 20 метри шутираше убаво за водство од 1:0. Тоа беше прв гол во новата Шест минути подоцна Хајвали со асистенција на потесната домашна одбрана успеа да израмни на 1:1. Во 17.минута Шкупи остана со играч помалку откако судијата Стојчевски му покажа втор жолт картон на Рустеми и го прати на “ладење“.
Веќе во 22.минута Крстевски прекрасно му асистираше на Зејнулаи кој постигна убав гол за водство на Шкендија од 2:1. Резултат со кој се замина на пауза.
Во второто полувреме Шкендија ги контролираше настаните мна теренот, имаше закани, посебно Адеми, но гостинскиот голман Гроте во неколку наврати одлично го спасуваше својот гол.
Бесарт Ибраими во 69.минута откако убаво проигра со Красниќи, стрелаше за 3:1, ова е негов 219 погодок во ПМФЛ во неговата кариера. И тука беше решено прашањето на победникот, ако имаше дилеми за такво нешто.
Во 76.минута беше 4:1, и повторно Ибраими за 220 гол во ПМФЛ, втор на овој меч. И тоа не беше се, во 82.минута Љатифи зголеми на 5:1.