Ветено и потоа исполнето, така тоа се прави. Кога пред осум месеци дојде на чело на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ вети дека во сезоната 2025/26 ќе има ВАР во ПМФЛ. И еве денеска на стартот од сезоната сите сме сведоци дека има ВАР и дека тоа ветување од првиот човек и тоа како е исполнето. Затоа оваа сезона за макк – фудбалот е историска. За првпат во Македонија во ПМФЛ ќе се користи ВАР системот.
Завчера лично тој со своите соработници од Федерацијата пред присутните новинари истакна дека е задоволен од тоа како се одработила целата работа и кажа дека е горд на тимот на федерацијата, кој работел 24/7 за да се исполнат условите и за да сезоната почне со ВАР.
Ова секако дека ќе даде голем придонес за да екипите во ПМФЛ помалку се “занимаваат“ со судењето а повеќе со својата игра, секако дека ќе се сведат судиските грешки на минимум.
„ВАР системот во Македонија конечно стана реалност. Горд сум на тимот во федерацијата кои 24/7 работеше на овој проект. Ја набавивме целосната потребна технологија, имаме три модерни соби и контролна просторија. За овие три месеци направивме огромна работа. На многу поголеми федерации од нашата им беше потребен многу подолг период за да го спроведат ВАР системот. Затоа ФИФА и УЕФА ни оддадоа признание, не им се вруваше дека за толку кратко време ќе успееме да го реализираме овој голем проект“, изјави Омерагиќ.