Екипата на Алкалоид запиша победа на првиот пријателски натпревар во рамките на подготовките за новата сезона. Противник на актуелниот првак на ЕХФ Европскиот Куп беше Прилеп, а момците на Кирил Лазаров славеа со 43-30. Во договор на двајцата тренери се одиграа 3х25 минути.
Алкалоид се враќа во Скопје каде ќе остане до петок, по што заминува на нови контролни натпревари со екипи од Србија, Хрватска и Словенија.
Тимот на Лазаров по освојуавњето на ЕХФ Европскиот Куп доби место во квалифиакциското коло за пласман во ргупната фаза во Европската лига, за противник го има бундес-лигашот, Хановер.