Арне Слот: Нормално е дека сме фаворити за титулата во новата сезона во Премиерлигата!

49
ФОТО: FC Liverpool/FB

Ливерпул утре ја стартува новата сезона 2025/26 со натпревар од Комјунити шилдс или Суперкупот во Англија и тоа против Кристал Палас. Ливерпул како шампион во ПЛ посакува трофеј за старт на сезоната протов освојувачот на ФА Купот.

На прашање на новинарите во пресрет на утрешниот меч за тоа дали Ливерпул е главен кандидат за трофејот во новата сезона во Премиерлигата, еве што кажа стратегот на “Редси“, Арне Слот:

Сосема нормално е да сме фаворити со оглед на тоа дека сме актуелни шампиони. Добро е тоа што успеавме да ангажираме неколку квалитетни имиња, впрочем како и сите останати. Токму затоа оваа лига ја прави толку добра. Да, ние не сме фаворити само поради фактот дека потрошивме многуи пари за трансфери, па и другите тоа го правеа“ рече покрај другот Холанѓанецот на клупата на Ливерпул.

ПретходноСтив Кер: Имавме среќа со Србија на ОИ во Париз! Тоа беше мојот најголем меч во кариерата!
СледноПолувреме: ВАР поништи гол во Струга, но домашните со предност, Арсими со водство среде Куманово!