АРСИМИ (трансфери, играчки кадар, очекувања): И Чегране во елитата!

290
фото: KF Arsimi (Facebook)

Претстојната сезона во ПМФЛ за Арсими ќе историска. Малиот клуб од с.Чегране, за првпат во својата клупска историја ќе игра во елитната фудбалска лига во Македонија. Јасно е дека Арсими своите мечеви нема да ги игра дома туку во блискиот Гостивар, но исто е така јасно дека кога Арсими ќе биде домаќин цело Чегране ќе дојде на трибините на стадионот во Гостивар.

Дебитантот во елитата секако дека си има свои амбиции. Најважно е да се извбори опстанок, да се претстави тимот во најдобро можно издание. Раководството на клубот гордо на овој успех секако дека стори се може да го засили тимот, и успеа во тоа, тука нема дилеми.

Е, сега дали Арсими ќе има доволно добар тим, доволно сила во себе пријатно да изненади, ни останува само да видиме како ќе се одвиваат настаните.

А тимот од Чегране својата прволигашка фудбалска одисеја ја почнува денеска со гостување во Куманово кај Башкими. Лани овие две екипи водеа голема борба во ВМФЛ,а сега, ете, ќе водат во елитата. Очекуваме  секако супер интересен меч.

Има тука ирачи како Арѓент Гафури, Шпенд Асани, Албан Таипи…кои можат да му направат проблем на секој тим, но најголемиот квалитет на Арсими ќе биде пред се во колективот и борбеноста на играчите на овој тим.

Сепак, без разлика како и да заврши оваа 2025/26 сезона, истата ќе биде историска за клубот од Чегране.

ПретходноЕХФ пак го казни АЕК
СледноРодри го чека пауза, Гвардиола откри колку ќе биде надвор од терените