БАШКИМИ (трансфери, играчки кадар, очекувања): Куманово повторно е прволигашки град!

227
фото: KF Bashkimi 1947 / FC Bashkimi 1947 (Facebook)

По долги, долги години пауза, во новата 2025/26, Куманово, еден од нашите најголеми градови повторно ќе биде прволигашки град. И тоа благодарение на Башкими, клуб кој да не заборавиме дека во 2005 година, пред точно 20 години, го освои Купот на Македонија и играше во Европа.

Башкими во текот на овој летен преоден рок и тоа како добро “пазареше“. Новиот стратег Муарем Муарем ги доби Ајдоган, лани како член на Гостивар беше еден од најдобрите во ПМФЛ. Потоа дојде Симоновски, се врати Алими во својот матичен клуб, дојдоа и двајца интренационалци од Афганистан, напаѓач од Нигерија и уште неколку познати “фаци“ кои играле во ПМФЛ.

Нема дилеми дека Башкими има добар тим, ако се биде како што треба би можел да се најде во битка за средината од табелата, сепак приоритет е да се избегнат оние последни три места кои водат директно во ВМФЛ.

Да не заборавиме дека Башкими има своја верна и бројна публика. Ако во ВМФЛ на секој меч имаше најмалку по 2.000-3.000 фанови, можеме само да помислиме како ќе биде сега во елитата.

Тренерот Муарем Муарем е пред голем предизвик, тој е под голем притисок. Од него ќе се бара и нешто невозможно, сепак како што рековме веќе, најмногу зависи од тоа како ќе стартуваат кумановци, а тие денеска од 17:30 часот пред своите фанови ќе играат против дебитантот во ПМФЛ, составот на Арсими.

Да не биде како што обично бива во мак-фудбалот, од преголеми очекувања до преголеми разочарувања.

ПретходноВалентин Кочоски се врати во Струга ТЛ
СледноЕХФ пак го казни АЕК