Струга ТЛ денеска на свој терен од 17:30 часот ќе го одигра својот прв натпревар од 2025/26 сезона, која вчера стартуваше. Тимот на стратего Бледи Шкемби ја пречекува екипата на Македонија ЃП, тим повратник во елитата.
За тоа што можат стружани на овој меч, секако дека важат за фаворити, свој коментар има еден од клучните играчи во тимот, Бесмир Бојку, некогашен член на “лавовите“:
“Јасно е дека пред нас е тежок меч. Сите ние во Струга ТЛ тоа го знаеме. Играме против екипа со долга традиција, со докажани играчи. Од друга страна ние сакаме да ја почнеме новата сезона со три бода. Мислам дека добро работевме на подготовките, дека максимално сме подготвени и дека ќе одиграме добар меч и секако дека посакувам победа“, изјави за “СпортСпорт“ играчот за врска на Струга ТЛ.