Вајли го најави дуелот со Романија: Имаме свои шанси, сакаме да ги искористиме!

29

Џејкоб Вајли беше нади сите свои и очекувањата во дресот на македонската кошаркарска репрезентација на премиерата од претквалификациите за Светскиот Куп. Одигра маестрално во дуелот со Романија, но за жал тоа не беше доволно за радост.

Нашиот крилен кошаркар ги коментира тие моменти видени во Куманово, и го најави мечот против Романија (денеска, 18 часот) во Солнок.

„Вообичаено, ова беше прв наш натпревар во претквалификациите. Имаме доста млади играчи, недостасува искуство, но “вајбот“ е тука, енергијата е добра. Имаме доста позитивни работи во соблекувалната, имааме одлична атмосфера. Имаме млад тим, има голем ентузијазам во овие млади играчи. И тоа треба да го „билдаме“ во деновите кои следуваат. тоа е јасно“.

Еве на пример оној меч со Романија, мислам дека се победивме сами себе. Имавме неверојатно добра атмосфера на трибините, но направивме премногу грешки. Многу повеќе на оној ментален план. Но исто така сакам да го истакнам сиот оној напор, голем напор, обидите да бидеме победници на тој меч. Тоа е навистина воодушевувачки за овој наш тим“.

Следува уште потешка пречка за поминување, вечерва во 18.часот, во “Тисалигети“ Арената во Солник, Македонија игра против Унгарија.

„Ги гледавме, имавме видео-анализа на нивната игра против Романија, Имаа добар почеток, но како одминуваа минутите нивната игра бележеше пад. Романците ги победија, не гледам причина зошто не би го направиле тоа и ние овде во Солнок. За да биде такa, треба да ја задржиме онаа енергија која ја имавме и ја употребивме на дуелот со Романците. Ќе се обидеме да го намалиме бројот на грешки, оние од технички карактер, да имаме што помалку загубени топки. Добро да го градиме рекетот, бидејќи имаат предност во висина. Сето тоа се работи преку кои овој тим треба да “расте“, да се гради низ овие натпревари. На добар пат сме да го направиме тоа, ова е само една станица. Имаме свои шанси, сакаме да ги искристиме, и тоа ако може, веднаш, во овој меч со Унгарија, кој извесно, ќе сакаат да ги поправат грешките од гостувањето кај Романците, и да победи пред својата публика“ – смета силното крило во нашиот национален тим пред дуелот со Унтарија.

ПретходноМирко Ивановски: Заслужено загубивме, ама знам дека ќе биде подобро на следните мечеви!
СледноМихаил Талевски: Не криеме дека нашата цел е титула во ПМФЛ!