Втор пораз за Новата Македонија: Унгарија излезе пострашна од Романија!

58
Фото: ФИБА

Македонската кошаркарска репрезентација го запиша вториот пораз во претквалификациите за СП 2027 година, откако на гостувањето кај Унгарија беше совладана со убедливи 96-58. На овој начин нашите момци полека ги губат шансите за да се најдат во следната рунда бидејќи ги чека гостување кај Романија, а потоа на домашен терен ќе треба да бркаат високата негатива од овој дуел.

Фото: ФИБА

По речиси изедначена игра во првата четвртина (19-18) нашите кошаркари мечот го загубија во првите пет минути во вториот дел. Унгариците направија серија од 17-0 и поведоа со 35-18. Ова беше голем удар, по кој Македонија не успеа да се врати. Во третата четвртина Унгарија поведе со плус 20, а веќе во последните десет минути разликата отиде над 30 поени.

Вајли со 15 поени беше прв стрелец во нашите редови и на оваа средба, зад него беше Магдевски со 11.

Македонија следниот претквалификациски меч го игра на 13. август против Романија на гостински терен.

ПретходноПМФЛ: Струга ТЛ ги среди “лавовите“, без победник во Куманово! (ФОТО)
СледноОдбојкарките поразени во Австрија и во последниот меч од квалификациите