Де Геа се врати на “Олд Трафорд“, Јунајтед освои трофеј! (ВИДЕО)

113
ФОТО: Manchester United F.C./X

Попладнево на “Олд Трафорд“ во пријателски меч, Манчестер Јунајтед на пенали ја победи Фиорентина и го освои трофејот во „Снепдарагон Купот“.

Инаку ова беше прво враќање на Давид де Геа на “Олд Трафорд“ откако си замина. Секако дека Шпанскиот голман, кој сега брани за Фиорентина беше со овации дочекан од фановите на Манчестер Јунајтед ако се знае дека долги години и тоа успешно беше дел од овој клуб.

Инаку ова беше и “генералка“ за тимот на Рубен Аморим ако се знае дека Премиерлигата стартува следниот викенд, а Јунајтед се среќава со Арсенал.

ПретходноЃоковиќ се качи на маса во ресторан во Грција (ВИДЕО)
СледноНеуспешниот трансфер на Реал Мадрид се враќа во Бразил