АЕК заработи нова казна. Ракометниот Суд при Европската ракометна федерација ја донесе одлуката за натпреварот од ЕХФ Европскиот Куп минатата сезона меѓу АЕК Атина и Партизан. Мечот се одигра во Атина, а грчкиот тим е казнет зошто во сала дозволил да се пушат цигари. АЕК ќе треба да плати 5.000 евра за овој голем пропуст кој се случи и на првиот финален меч против Алкалоид.Претходно грчкиот тим беше казнет со 20.000 евра поради напуштањето на теренот на финалниот меч во Скопје противАлкалоид, како и двегодишна суспензија од Европа, од која половина е условна.