Која е причината поради која Адетокумбо го пропушта дуелот со Јокиќ?

67

Грчката кошаркарска федерација официјално објави дека Јанис Адетокумбо нема да игра на турнирот во Кипар, кој се одржува во Лимасол овој викенд.

Подготвителниот турнир, кој служи како последен тест пред Евробаскет 2025, вклучува натпревари против Србија (19:30 часот) и Израел, но Грците ќе играат без двократниот МВП на НБА.

Неговото отсуство значи дека љубителите на кошарката ќе бидат лишени од голема пресметка со Никола Јокиќ, кој ја предводи Србија.

Двајцата суперѕвезди, кои се сметаат за идни членови на „куќата на славните“, последен пат се сретнаа во дресови на националниот тим во 2022 година во Белград.

Селекторот на Грција, Василис Спанулис, зборуваше за статусот на Адетокумб претходно оваа недела, објаснувајќи дека ѕвездата на Милвоки следи индивидуален план за тренинг.

„Тој ја следи својата лична програма за тренинг. Не верувам дека неговото отсуство тука ќе влијае на неговото учество на Евробаскет 2025“, рече Спанулис.

Сè уште не е познато што точно се случува со ѕвездата на Милвоки, но медиумите шпекулираат дека станува збор за мала повреда и дека Спанулис не сака да го изложи на дополнителен ризик пред Европското првенство.

Нивните ривали во групата ќе бидат Италија, Босна и Херцеговина, Кипар, Грузија и актуелниот шампион Шпанија.

ПретходноМилан и Манчестер Јунајтед постигнаа договор, но Хојлунд се двоуми
СледноЃоковиќ се качи на маса во ресторан во Грција (ВИДЕО)