Македонија на мегдан со Унгарија за прва радост во претквалификациите (ЛИНК)

21

Македонската кошаркарска репрезентација денеска го игра вториот претквалификациски меч за СП 2027 година. Селекторот, Марјан Илиевски и неговите избраници се гостин на Унгарија, дуелот се игра во 18 часот во Солнок.

И двете репрезентации овој циклус го стартуваа со пораз, и двете од Романија, па денеска ќе ја бараат првата победа која би ги вратила надежите дека оваа млада Македонија може да стори многу повеќе.

Илиевски и неговите избраници добро ја анализираа играта на Романците, па останува на дело да се спроведат сите задачи.

„Унгарците се една атлетска екипа, која што игра брза и модерна кошарка. Екипа каде сите играчи шутираат од сите позиции. Нивниот играч Војвода, е со најголема возраст, и е клучен играч во таа репрезентација. Сето она кое што треба да го направиме, е да ја спречиме таа нивна игра во транзиција. Да се обидеме сите отворени шутеви да ги затвориме. Сето она кое што е наша особина, и наша карактеристика, колку што можеме да го подобриме нападот. Бидејќи одбраната е желба, а кај нас таа постои. И нормално е дека секогаш постои простор да се поправа. Тоа, заедно со малку поголема самодоверба кај младите играчи да го реализираат тоа во нападот, верувам дека сето тоа ќе изгледа многу поразлично“, изјави Илиевски.

Македонија и Унгарија имаат одиграно четири меча претходно, на три славеле Унгарците, а нашата репрезентација има добиено една средба, во 2010 година кога славеше убедливо.

Мечот можете да го гледате на линкот во продолжение.

 

ПретходноЈунајтед го промовираше Словенецот: Шешко потпиша договор до 2030 година
СледноАлкалоид победи на првата „контрола“