По само една година пауза, Македонија ЃП, некогашен шампион, одново ќе игра во нашата елитна фудбалска лига. “Лавовите“ и Ѓорче повторно се во елитата.
Јасно е дека овој клуб со оглед на буџетот, има свои јасни амбиции, а тие се ако се може да се избегне битката за опстанок. Од друга страна исто така е јасно дека тоа ќе биде тешко. Има во ПМФЛ во новата сезона има доста поквалитетни екипи од Македонија ЃП и прогнозите се тие, ама секогаш едно се прогнозите и предвидувањата а сосема друго е реалноста.
“Лавовите“ имаат богата традиција, биле некогаш пшампиони, го освојувале и Купот на Македонија во неколку наврати, ама сега се повратници во елитата, тоа секако дека ќе има влијание.
Уште на првиот меч ќе бидат пред голем предизвик, му гостуваат на тимот на Струга ТЛ, секако дека ќе биде тешко.
Досега во летниот преоден рок клубот од Ѓорче не напави некои спектакуларни потези за наши услови. Глишиќ, младиот Елмас, Јанков, Талаков…тоа се играчи кои реално може да го подигнат квалитетот ама не до таа мерка за да се дојде до нешто големо.
Добро е тоа за “лавовите“ што никој од клучните играчи не си замина, а има таму квалитет, тоа е неспорно.
На крај реални се предвидувањата дека „лавовите“ ги чека тешка битка за опстанок.