Во “Дербито на Македонија“, Вардар со 4:1 успеа да го победи својот вечен ривал, тимот на Пелистер. Убав натпревар, на моменти и екстра квалитетен за наши услови.
Пелистер на 0:0 имаше свои шанси за водство, ама не успеа да постигне гол и на крајот мораше да честита на подобриот.
По мечот капитенот на битолчани имаше свој коментар за дербито:
“ Одличен меч за Вардар, постигнаа домашните четири голови. Сосема различни две полувремиња. Во првото имавме многу шанси, можевме да постигнеме два гола и да оди дербито во друга насока, ама тоа е е фудбалот, за да во последна секунда од полувремето примаш аматерски гол. Почнува второ полувреме, се враќаш, имаш иницијатива, имаш шанси за 2:2 и примаш голови. Заслуживме да изгубиме“ посочи Ивановски и продолжи:
“Пелистер има доста сменет состав. Прва офцијална средба заедно. Доста играчи пуштивме, доста играчи донесовме. Секако дека ни треба период на адаптација. Се виде дека ни недостига искуство, мислам дека ќе биде подобро како што ќе тече првенството, ќе бидеме се подобри и подобри. Главата горе, жал ми е што загубивме дерби меч. Знам што значат за нас и за нашите навивачи овие мечеви. Ама нема предавање“.