Михаил Талевски, напаѓачот на Вардар на дербито против својот некогашен тим доби шанса во последните минути. Ова е добра вест за него, но и за сите во клубот дека повредата е минато и дека сега се враќа во тимот.
Секако дека по мечот Талевски беше среќен за победата на Вардар, но и за тоа дека здрав.
“Одлично, супер дерби како и секогаш кога играат Вардар и Пелистер, тоа е шоу на теренот исто и на трибините. Честитки за моите клупски колеги на победата, секоја чест. Сосема заслужено, одлични голови постигнати во вистински момент. Да продолжиме така да газиме и на следните мечеви. Јасно е дека сум среќен што се враќам по повредата. Секако и на мојот поранешен клуб му посакувам добри настапи и добри резултатот на следните мечеви. Вардар има цел во оваа сезона, а таа е освојување на титулата“ истакна Талевски по мечот.