Официјално: Ливерпул го потврди трансферот на Дарвин во Ал Хилал

31
фото: LFC (X)

Ливерпул вечерва и официјално потврди дека Дарвин Нуњез го комплетираше перманентниот трансфер во Ал-Хилал. Тригодишниот престој на Уругваецот во дресот на „црвените“ заврш денес откако тој го финализирал трансферот во тимот од Саудиската професионална лига.

Нуњез го напушта „Енфилд“ откако одигра 143 натпревари и постигна 40 гола, освојувајќи трофеи во Премиер лигата и Карабао Купот. Уругваецот пристигна во Англија од Бенфика во летото 2022 година и постигна гол на своето деби, помагајќи му на тимот на Јирген Клоп да го освои ФА Комјунити Шилд со победа против Манчестер Сити.

ПретходноМилан се согласи да му го продаде Тиао на Њукасл
СледноЧелзи ќе плати 50 милиони за Араухо, Барса се мисли