Носителот на Златната топка, Родри ќе биде надвор од терените барем до средината на септември. Играчот од средниот ред на Манчестер Сити заработи сериозна повреда на натпреварот против Ал-Хилал.
„Родри се опоравува, но неговата повреда од натпреварот против Ал-Хилал е сериозна. Тој тренира подобро и се надеваме дека по паузата за националните тимови ќе биде во одлична форма“, изјави менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола.
Манчестер Сити планира да му понуди нов договор на Родри. Се очекува шпанскиот интернационалец да го продолжи договорот со клубот до летото 2029 година.
Медиумите периодично шпекулираат дека Родри е трансфер цел на Реал Мадрид. Претседателот на кралскиот клуб Флорентино Перез не ја крие својата желба да го доведе играчот од средниот ред на „Сантијаго Бернабеу“.