Попладнево се одиграа два меча од стартното коло во новата 2025/26 сезона.
Струга ТЛ на свој терен успеа да ја оствари целта, да дојде до стартни три бода. Домаќините беа подобри, имаа повеќе шанси а со головите на Жарју во 45+3. и Компаоре во 75.минута успеа да дојде до победа против Македонија ЃП.
Инаку Компаоре постигна гол во 42.минута, но истиот беше поништен откако ВАР реагираше со оглед на тоа дека тој претходно играл со рака.
Ова значи дека тренерот на стружани Бледи Шкемби со победа дебитираше на клупата на Струга ТЛ на еден официјален меч.
Во Куманово пред полната трибина на Градскиот стадион и тоа како интересен меч меѓу Башкими и Арсими, кој на крајот заврши без победник, со резултат 1:1.
Инаку ова беше прв натпревар на тимот од Чегране во својата клупска историја во ПМФЛ.
Гостите поведоа со голот на Бешагиќ во 32.минута од слободен удар. Претходно беше покажан пенал, но ВАР реагираше и тоа беше удар надвор од казнетиот простор, ама Бешагиќ успеа да ја затресе домашната мрежа.
Во второто полувреме апсолутна доминација на кумановци, истата вроди со плод во 62.минута кога Марко Симоновски од непосредна блиозина успеа да го израмни резултатот. До крајот на мечот и двете екипи имаа шанси за победа, сепак на крајот резултатот гласеше 1:1.