ПМФЛ 1.коло (денеска): Струга ТЛ на мегдан со “лавовите“, историски меч за Арсими во Куманово!

86
ФОТО: FC Struga TL/FB

По вчерашните голеади во Тетово и на Арената во Скопје каде беа постигнати дури 11 голови и на најдобар начин беше отворена новата сезона во ПМФЛ, денеска на програмата се уште два меча, и двата почнуваат од 17:30 часот, секако со директни преноси на МТВ.

Во Струга домашниот состав на Струга ТЛ ја дочекува Македонија ЃП, тим против кого стружани имаат несрасчистени сметки уште од финалето на Купот на Македонија во 2023 година.

Тимот на Бледи Шкемби е голем фаворит, има многу поквалитетен состав од гостинот и со право се надева и очекува стартна победа.

Во Куманово пак гостинот Арсими испишува историја. Ова првиот меч во ПМФЛ во клупската историја за клубот од Чегране. Јасно е дека стадионот во Куманово ќе биде исполнет до последно место ако се знае дека фановите на Башкими долго чекаа нивниот тим да се врати во елитата.

Па така и на двата меча очекуваме голема борба.

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА 17.30 Ч

Струга: Струга ТЛ – Македонија ЃП

Куманово: Башкими – Арсими

ПретходноЃорческа ја победи Астакова и се пласираше во финалето во Куршумлијска Бања!
СледноЊукасл одлучи за Александер Исак!