Полувреме: ВАР поништи гол во Струга, но домашните со предност, Арсими со водство среде Куманово!

243

Завршија првите полувремиња од двата денешни меча во рамките на 1.коло во ПМФЛ.

Во Струга, домашниот состав има водство од 1:0.

Инаку историски момент во ПМФЛ. Имено во 42.минута Струга ТЛ преку Компаоре постигна гол, но реагираше ВАР и истиот го поништи поради играње со рака на стрелецот на тој гол.

Но затоа домашните неколку минути подоцна сепак поведоа со голот на Жарју.

Во Куманово, каде се игра пред преполната трибина, Арсими како гостин со голот на Бешагиќ од слободен удар во 32.минута успеа да поведе. Инаку ова е прв меч за тимот од Чегране во ПМФЛ во клупската историја.

И на овој меч ВАР реагираше. Прво беше досуден пенал за гостите, па по реакција на ВАР собата беше покажано дека прекршокот бил надвор од казнетиот простор. А токму од тој слободен удар Бешагиќ ја затресе домашната мрежа.

ПретходноАрне Слот: Нормално е дека сме фаворити за титулата во новата сезона во Премиерлигата!
СледноМега – талентот на Арсенал доби 45 пати поголема плата! (ФОТО)