Стив Кер: Имавме среќа со Србија на ОИ во Париз! Тоа беше мојот најголем меч во кариерата!

69
ФОТО: Steve Kerr/X

Стив Кер и се е кажано, без разлика дали како некогашен играч, сега тренер и селектор на САД. Кер има играно заедно со Џордан и Пипен во култниот тим на Чикаго Булс, тој е творецот на големите успеси на Голден Стејст, освои злато со селекцијата на САД како селектор на последните ОИ во Париз.

Но, од тие илјадници мечеви издвои само еден како најголем и најдобар во неговата кариера. А тоа е полуфиналето на ОИ со Србија минатото лето во Париз.

Тој гостуваше на подкастот „Glue Guys“ и се присети на натпреварот против Србија.
„Натпреварот против Србија е најдобриот и најголемиот натпревар во кој некогаш сум бил дел. Имавме среќа што победивме. Моравме да направиме сè совршено на крајот за да победиме и беше неверојатно. Натпреварот против Франција беше натпревар на Стеф. Тој погоди четири тројки на крајот и тоа ќе се памети. Неверојатно е да се биде дел од тоа и да се памети“, вели Кер.

ПретходноНеуспешниот трансфер на Реал Мадрид се враќа во Бразил
СледноАрне Слот: Нормално е дека сме фаворити за титулата во новата сезона во Премиерлигата!