Талаков: МЃП има капацитет да се носи со секој противник

42

На стартот на новата 2025/26 сезона во ПМФЛ шампионатот, повратникот во прволигашката конкуренција, тимот на Македонија ЃП има задача да се спротивстави на гостински терен на тимот на Струга Трим Лум. Вистински предизвик за екипата која што може да се пофали со шампионски титули и трофеји во Купот во минатото, а која што во претстојната сезона сака да остави што подобар впечаток.

Еден од новитетите кај „Лавовите“ летово е екс македонскиот младински репрезентативец, Мартин Талаков.

Со нетрпение го очекував стартот на новиот шампионат. И јас и целиот тим на Македонија ЃП. Мислам дека имаме доста квалитет, од аспект на засилувања, а и оние кои се староседелци во тимот што се вели. Тимскиот дух ни е на високо ниво, подготвени сме максимално, да дадеме се од себе како на овој премиерен дуел против Струга ТЛ, така и на секој нареден кој што следува“ – вели Талаков, па продолжува.

Убеден сум дека имаме квалитет да се носиме со секого во ПМФЛ шампионатот. Се е во наши раце. Ако одиграме како што знаеме и можеме секако ќе бидеме на добар пат. Мотивирани сме и гладни за успех. Што се однесува конкретно до дуелот во Струга, нормално дека нема да биде лесно напротив. Сепак, планираме од ова гостување да се вратиме со бодови, и на позитивен начин да го стартуваме шампионатот“ – вели Талаков.

ПретходноМихаил Талевски: Не криеме дека нашата цел е титула во ПМФЛ!
СледноБесмир Бојку: Струга ТЛ сака сезоната да ја почне со три бода!