Младите кошаркари до 16 години претрпеа уште еден пораз на Б-европското првенство во Скопје. По поразите од Кипар и Ирска, вечерва загубивме и од фаворизираната Полска со убедливи 93:66.
Клучни за поразот беа првата и третата четвртина каде дозволивме Полјаците да направат голема разлика. Првите 10 минути Полска направи позитива од 24 поени (35:11), по што следуваше многу подобра втора четвртина во којаодигравме егал.
Позитивниот тренд не продолжи на стартот на второто полувреме, бидејќи Полска повторно „додаде гас“ и успеа да направи уште +11. До крајот на мечот само се обидовме да намалиме од разликата.
Александар Сотир со 12 поени беше лидер во нашиот тим, каде по 10 поени постигнаа и Солев и Шабани.