Ѓоковиќ се качи на маса во ресторан во Грција (ВИДЕО)

118

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одлучи да ги откаже своите настапи на турнирите во Монтреал и Синсинати за да се одмори и да се подготви за Отвореното првенство на САД, последниот Гренд слем турнир во сезоната. Како дел од одморот, Ѓоковиќ направи пауза и уживаше во друштво на пријатели.

Неколку дена откако беше виден во Националниот парк Дурмитор во Црна Гора, каде што уживаше во природата со своето семејство, на социјалните мрежи се појави видео на кое Ѓоковиќ ужива во Грција. Видеото го прикажува во добро расположение, како се качува на маса и танцува на позната грчка песна.

Сепак, неговиот одмор наскоро завршува. Отвореното првенство на САД започнува на 24 август, а Ѓоковиќ ќе се обиде да ја освои својата 25-та Гренд слем титула. Покрај Грција и Црна Гора, Ѓоковиќ ја посети и Хрватска, каде што помина време на Корчула со Лука Модриќ, Матео Ковачиќ и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

ПретходноКоја е причината поради која Адетокумбо го пропушта дуелот со Јокиќ?
СледноДе Геа се врати на “Олд Трафорд“, Јунајтед освои трофеј! (ВИДЕО)