Ѓорческа ја победи Астакова и се пласираше во финалето во Куршумлијска Бања!

41
ФОТО: Teniska federacija

Браво Лина! Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа денеска во меч од полуфиналето на турнирот во Куршумлијска Бања, успеа да ја победи Астакова од Казахстан со 2:1 во сетови и со тоа да избори пласман во финалето кое се игра утре.

И веднаш да кажеме дека ова е второ финале за Лина во 2025, првото успеа да го добие исто така на турнир во Куршумлијска Бања.

Инаку на денешното полуфинале, кое траеше 2,5 часа и се водеше голема борба, Астакова успеа со 6:2 да го добие првиот сет. Сепак Ѓорческа во продолжение од мечот одигра далеку подобро и со 6:2 и 6:4 во вториот и третиот сет успеа на крајот да победи.

ПретходноБесмир Бојку: Струга ТЛ сака сезоната да ја почне со три бода!
СледноПМФЛ 1.коло (денеска): Струга ТЛ на мегдан со “лавовите“, историски меч за Арсими во Куманово!